ВИДЕО | Голема прослава во Белград: Ѓоковиќ не можеше да ги задржи солзите пред илјадниците српски навивачи

Новак Ѓоковиќ пречекан во Белград / Фото: Dusan Milenkovic / AFP / Profimedia

Во Белград синоќа беше организиран свечен пречек на Новак Ѓоковиќ кој се врати во својата земја по победата на УС Опен, заедно со српските кошаркари кои го освоија второто место на Светското првенство. Српскиот тенисер беше особено емотивен и се расплака пред илјадниците српски навивачи.

„Се тресам, не знам што да кажам, а има толку многу што сакам да кажам. Сакам да им честитам на нашите шампиони, кошаркари, за нивниот феноменален успех, не само оваа година, туку и сите овие години. Благодарам тие што ме прифатија како дел од нивната вечерна прослава. Ова е остварување на мојот детски сон“, рече Ѓоковиќ.

„Како мал, како и многумина од мојата генерација, бев во оваа толпа луѓе и славев големи медали од првенствата на нашите познати кошаркари, одбојкари, ватерполисти, сите луѓе кои фантастично ја претставуваа Србија неколку пати, но ова нема цена. Ова никогаш повеќе нема да се повтори. Стојам покрај шампиони, но и големи луѓе со кои имам пријателски однос“ додаде тој.

„Го почувствував нивното заедништво и хуманост. Сакам да завршам со овие зборови: Ниту една нација во светот нема дух каков што имаме ние. Да живее Србија“, низ солзи заклучи Ѓоковиќ додека беше прегрнат од српските кошаркари.

Ѓоковиќ го освои УС Опен со победа против рускиот тенисер Данил Медведев и со тоа стигна до 24. Грен слем титула во кариерата. Српскиот тенисер е рекордер затоа што зад себе ги остави Рафаел Надал со 22 титули на најголемите турнири и Роџер Федерер со 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот