ВИДЕО | Гешовски: Државните фирми прават дампинг цени – ЕЛС има убедливо најниска цена во регионот за сервис и достава на писма и пратки

Игор Гешовски од „Еко логистик сервис“
Игор Гешовски од „Еко логистик сервис“ / Утрински брифинг

Брзината и обемот се дел од операциите кои се неопходни да се постигне поголем ефект. Ние сме единствена компанија која има брза пошта. Мора да истакнам дека тука нема голем бенефит но ние ефикасно го решаваме тоа, вели за Утрински Брифинг Игор Гешовски од „Еко логистик сервис“.

-Ние сме провајдер кој ги работи сите модни и спортски брендови присутни во Македонија. Тие се најголемо продавачи на интернет во земјава. Успеавме сите брендови да ги сервисираме, отворивме голем број бази, над 40, за да им овозможиме на граѓаните добра услуга. Имаме голем број сопствени возила се со цел добра поставеност и брза услуга, вели тој.

-Нашата политика во иднина ќе се развива во грижа за корисници, мора да констатираме дека сите учиме, фирмите ја почувствуваа потребата за поевтин и побрз транспорт и сега ние мора да го подобриме квалитетот на услугите, вели Гешовски

-Имаме убедливо најниска цена во регионот за сервис и достава на писма и пратки во регионот. Ние работиме до 16 часот, три центри работат до 19, но магацинот работи 24/7. Фативме одлично темпо со континуиран раст, предизвикот е поголем во време на здравствена криза, успеваме да правиме рекорди во одредени области, и очекувам дека тоа ќе продолжи дека пазарот не е доволно развиен кај нас, вели за Утрински Брифинг Игор Гешовски од „Еко логистик сервис“.

Проследете го целиот разговорот во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот