ВИДЕО | „Гаранција дека нема да има крвопролевање“: Огромна промена на Оскарите, ова не се случило од 1961 година

Оскари
Златната статуа Оскар / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

За првпат од 1961 година, тепихот на Оскарите нема да биде со црвена боја. Како што пренесоа странските медиуми, во средата пред театарот „Долби“ во Холивуд, Калифорнија, работниците кои работат на подготовките за овогодинешното доделување на Оскарите поставиле тепих во боја на шампањ, додека домаќинот на 95-тото доделување, водителот Џими Кимел, разговарал со новинарите.

„Мислам дека одлуката наместо црвен тепих да има тепих во боја на шампањ покажува колку сме сигурни дека нема да се пролее крв“, се пошегувал Кимел.

Одлуката за промена на бојата ја донеле креативните консултанти Лиза Лав, долгогодишна соработничка на магазинот „Вог“ и Рол Авила, креативен директор на гламурозниот „Мет Гала“ во Њујорк.

Годинава тепихот делумно ќе биде покриен со покрив за да се заштитат ѕвездите и камерите од временските неприлики, но и за пристигнувањата на ѕвездите да се претворат во вечерен настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Kimmel Live (@jimmykimmellive)


Црвениот тепих на Оскарите датира од 1961 година, кога се одржа 33-тото доделување на Оскарите во „Сивик аудиториум“ во Санта Моника, но пошироката јавност не го виде црвениот тепих во полн сјај на телевизија до 1966 година, кога доделувањето на наградите на Оскар првпат беше емитувано во боја.

Потсетуваме дека овогодинешната церемонија на Оскар започнува во понеделник во еден часот по полноќ по наше време, односно во 20 часот по локално време во Лос Анџелес.

Повторно извиси, Зеленски одбиен да зборува на Оскарите

Гламур и раскош: Кои ќе бидат големите победници на Оскарите?

Од ботокс до парче земјиште во Австралија: Номинираните за Оскар ќе добијат подарок во вредност од 126.000 долари

ВИДЕО | Македонија на Оскари: Сите наши кандидати за номинација за Оскар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот