ВИДЕО+ФОТО: Нова градинка „Сонце” пуштена во употреба во тетовска Брвеница

Завршена е изградбата и уредувањето на новата градинка „Сонце” во тетовска Брвеница која денеска во употреба ја пуштија министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити. Има капацитет за згрижување на 65 деца, а е изградена со  22 милиони денари од државниот буџет преку Министерството за труд и социјална политика.

-На дождлив ден што значи бериќет ја отвраме првата градинка во Брвеница.  Продолжуваме со политиките кои значат грижа за секое дете во државата. Ова е 4-та градинка што ја отвораме во овој мандат после градинките во Илинден, Гостивар и Сарај. Уште шест градинки до крајот на годината ќе бидат отворени во нашата татковина. Важноста на предучилишното образование на воспитувањето на најмладите, преку квалитетни и обучени воспитувачи како и грижата која што ја спроведуваат  негувателите претставува наша заложба и во периодот понатаму. Јас се радувам на информациите кои ги споделивме заедно со градоначалникот дека во Брвеница има многу млади брачни парови и дека има деца. Ова нека биде првиот чекор во згрижување на дечињата од Брвеница, истакна министерката Јагодна Шахпаска.

Децата ќе бидат поделени во четири групи, а според градоначалникот веќе ќе треба да се размислува за поголем капацитет со оглед на големата заинтересираност во Брвеница за згрижување на деца.

-Многу години се очекуваше овој ден и многу ветена е оваа градинка. Јас сум 12 години градоначалник, во секој настан граѓаните ме прашувале поготово младите мајки, кога ќе имаме градинка. Денеска го исполнуваме тоа долгогодишно ветување и продолжуваме со нови проекти за кои самата министерката не охрабри. Според нашите проценки оваа градинка за две години ќе биде премала спрема бројот на децата кои ги имаме во нашата општина бидејќи секоја година имаме доселување на млади брачни парови од град во село. Немаме иселувања за наше задоволство. Тоа ме охрабрува да продолжиме со одлучни чекори, рече Енвер Пајазити.

Според градоначалникот првите деца ќе бидат згрижени после нова година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот