ВИДЕО: Физиотерапевтот на Марсеј суспендиран на една година, казнети Ница и Паје

Ница е казнета со одземање на два бода, Паје е суспендиран на еден натпревар/Фото: Принтскрин/Youtube/IdrLegacy

Пабло Хернандез, физиотерапевтот на Марсеј е суспендиран од фудбалот на една година поради инцидентот во Ница. Хаосот на натпреварот во најсилната француска „Лига 1“ помеѓу екипите Марсеј и Ница изби на 22 август.

Навивачите на Ница гаѓаа кон играчите на Марсеј во текот на целиот натпревар, додека Димитри Паје им одговори на ист начин.

Го зеде шишето и гаѓаше на трибините во Ница, а потоа настанал уште поголем хаос. Навивачите влетаа на теренот, играчите побегнаа од истиот и играта беше прекинат.

Додека се случуваше хаосот со навивачите на теренот, Хорхе Сампаоли имаше свое „шоу“. Сакаше да го удри Жан Клер Тодибо, фудбалерот на Ница, па Аргентинецот мораше да го разделат Паје, редарите и стручниот штаб од Тодибо.

Интервенираше и физиотерапевтот Пабло Хернандез, кој удри еден навивач на Ница.

Ница е казнета со одземање на два бода, Паје е суспендиран на еден натпревар, додека Алваро Гонсалес на два натпревари. Се очекува мечот да биде повторен пред празни трибини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот