ВИДЕО | Филиповски дава збор дека нема да разочара: Градиме градинка во Ново Лисиче и 20 километри нови велосипедски патеки

Александар Филиповски / Фото: СДСМ

Во Ново Лисиче ќе направиме нов објект на градинка, со што ќе се зголемат капацитетите за згрижување на нашите најмлади. Тука ќе работиме и на подигнување нови зелени површини, но и одржување на постоечките, порача вечерва кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Александар Филиповски.

Нашата понуда, потенцираше, е јасна. Програмата ја креиравме заедно со вас.

– Сервисните улици, пешачките зони и плочници повторно ќе се мијат со цистерни, со што ќе добиеме почисти јавни површини. Аеродром ќе биде општина – дом за сите генерации. Затоа што планираме младински центар, но и активни центри за стареење за највозрасните. Затоа што подобрувањето на условите во основното образование значи и изградба на сензорни соби, со цел еднакви шанси и за учениците со попреченост. Затоа што ќе ги подобруваме сервисните улици, но и ќе правиме 20 километри нови вело – патеки, рече Филиповски.

Тој порача дека има проекти кои се во интерес на граѓаните и од граѓаните ја побара поддршката на 17 октомври.

– Давам збор дека нема да ве разочарам! Во недела гласајте за луѓе кои ги знаете, од вашата населба, од вашето маало. Гласајте за број 12, гласајте за советничката листа на СДСМ предводена од Александар Трајановски, гласајте за Петре Шилегов и доктор Софија Пејкова, повика Филиповски.

Секретарот з амеѓународна соработка Бојан Маричиќ од Аеродром, пак, посочи дека прокетите со кои настапуават се за чист воздух и хумани услови за живот и затоа, како што рече, во недела победува најдоброто.

– Чист воздух, хумани услови за живот, добра инфраструктура, водовод, канализација, култура, спорт, тоа е тоа во што инвестираме и тоа е тоа што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот популизам, нагласи Маричиќ.

Од граѓаните побара поддршка за Александар Филиповски и Александар Трајановски, како и за Петре Шилегов и Софија Пејкова за Град Скопје.

– Ви ветувам дека нашите градоначалници и нашите советници ќе работат за вас. Тие ќе бидат тука вам да ви служат. Ние имаме коалиција со вас, со граѓаните и се обврзуваме дека нашите градоначалници деноноќно ќе работат за решање на вашите проблеми. Затоа драги пријатели, во недела сите заедно, сите обединети, сите со јасна цел и визија гласаме за најдоброто. Гласаме за број 12! Гласаме за Цанде, идниот градоначалник на Аеродром, гласаме за нашите советници, гласаме за СДСМ и коалицијата, гласаме за модерен и европски Аеродром!, повика Маричиќ.

Извор: МИА

Филиповски: Центар за жртви на семејно насилство и пониски трошоци во градинките и основните училишта во Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот