Филиповски: Центар за жртви на семејно насилство и пониски трошоци во градинките и основните училишта во Аеродром

Александар Филиповски
Александар Филиповски / Фото: МИА

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Филиповски во својата програма предвидува отворање центар за привремен престој на жртви на родово базирано и семејно насилство. Во целиот процес, како што рече Филиповски, ќе бидат вклучени и ресорните институции, како и организациите кои работат на оваа проблематика.

Тој информираше дека во екот на пандемија, семејното насилство се зголемило од 8 до 10 отсто.

Филиповски на денешната прес-конференција зборуваше за социјалниот пакет мерки од програмата на СДСМ. Заедно со граѓанските организации, како што рече, ќе биде спроведено социјално мапирање на населбите. На овој начин, ќе се утврдат вистинските потреби на жителите на локално ниво и ќе можат да се испорачаат подобри социјални услуги.

– Фокусот ќе ни бидат и градинките и училиштата. Со зајакнувањето на стручните служби, но и преку посебни едукативни активности за децата, ќе обезбедиме механизми за заштита на најмладите. Наставниците, воспитниот кадар ќе поминат соодветни обуки за работа со деца од еднородителски семејства, деца на разведени родители или во социјален ризик, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Тој напомена дека родителите во општина Аеродром ќе имаат и пониски трошоци за своите деца, за во градинка и основно училиште. На овој начин, како што додаде, тие ќе заштедуваат од 150 до 200 евра на годишно ниво во семејниот буџет.

Филиповски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се обврзаа и на покривање на 50 отсто од месечниот трошок за градинка, како и до 50 отсто за поевтин оброк во училиштата.

– Дискриминацијата почнува од дома. Затоа треба да ги подготвиме предучилишните установи и основните училиштата за правилна работа со секое едно дете. Затоа што градинките, училиштата не се само институции каде што децата престојуваат 8 часа. Таму се стекнуваат со навики, знаење и искуства. Затоа одговорноста е голема, рече Филиповски.

Кандидатот за градоначалник со својот тим на советници денеска продолжи со маалски средби за промоција на програмата во населбата Лисиче.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот