ВИДЕО: Елмас со нов гол во Лига Европа, овој пат против Лестер

Фудбалерите на Наполи/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Наполи во многу важен натпревар за пласман во нокаут-фазата на Лига Европа игра против екипата на Лестер.

По 34 минути игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол веќе беа постигнати четири голови, по два на двете страни.

Унас уште во четвртата минута донесе предност за домаќините, а зголеми Елиф Елмас во 24 минута после асистенцијата на Петања.

За македонскиот репрезентативец ова е трет гол сезонава во ЛЕ, претходните два ги имаше на дуелите против Спартак Москва.

На видео записот можете да го погледнете голот на Елмас против Лестер:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот