Експлозија во воен објект во Тенеси / Фото: Икс, принтскрин

ВИДЕО | Експлозија во воен објект во Тенеси, има загинати и исчезнати

Неколку лица се мртви, а повеќе се водат како исчезнати откако утрово силна експлозија ја погоди фабриката за експлозиви „Accurate Energetic Systems, LLC“ во Тенеси.

Детонацијата, која се случила околу 7:45 часот по локално време, предизвикала серија помали експлозии и ги потресла околните куќи, потврдија локалните власти, пренесува Си-Ен-Ен.

Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис изјави дека службите за итни случаи продолжуваат со пребарување на теренот. Според првичните информации, најмалку деветнаесет лица се водат како исчезнати.

Објектот се наоѓа на границата меѓу окрузите Хикман и Хамфрис. Поради опасност од секундарни експлозии, спасувачките екипи засега се на безбедно растојание додека трае проценката на штетата и гасењето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот