ВИДЕО | Експлозија во тренинг центар на ФБИ во Калифорнија, најмалку шеснаесет повредени

Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Шеснаесет лица се повредени во експлозија во Центарот за обука на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во градот Ирвајн, во јужна Калифорнија, соопштија официјални лица.

Тринаесет од нив повредите ги здобиле од детонацијата, што резултирале со вртоглавица и болка во увото, наведе Одделот на шерифот на округот Оринџ (OCSD).

Две жртви се здобиле со повреди на нозете, а на една и била потребна операција.

-Уште едно лице претрпе повреда на грбот, но нема да бара операција, изјави портпаролот на шерифот.

Инцидентот се случил за време на заедничка вежба меѓу тимовите за бомби на OCSD и специјалната единица SWAT, изјави портпаролот на шерифот, а експлозијата се случила во мала зграда на имотот на ФБИ, пренесува Си-Би-Ес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот