ВИДЕО | Ефтимов: Недемократски и нетранспарентен избор на студент во Националниот совет за високо образование

Гостин во Утрински брифинг беше Претседателот на Универзитетското Студентско Собрание на УКИМ, Борјан Ефтимов, кој преку отворено писмо кое го објави на својот Фејсбук профил, обвини за нерегуларности и нетранспарентност при изборот на нов претставник во Националниот совет за високо образование. Ефтимов истакна дека изборот поминал без дискусија и можност за проверка на единствениот кандидат.
Ова тело (Национален совет за високо образование) за прв пат ќе се формира. Гласот на студентот еден наспроти 14 не е многу силен. Но силно е тоа што тој студент внатре ќе претставува 50.000 студенти, така што останатите 14 членови ќе биде лудо да не го следат студентот тоа што го дискутира, бара. Според Ефтимов, претседателите на Универзитетските студентски собранија биле против изборот на единствениот кандидат, претставникот на студентите не добил поддршка од студентите, а сепак бил изгласан со гласовите на ректорите и професорите.
Од Ректорот јас побарав од него да се распише конкурсот како би можел да се избере претставник на студентите. Ректорот потврди дека ќе го распишат конкурсот, „заборавајќи“ да ми каже дека конкурсот веќе е во тек, објавен на 3 октомври и истекува на 7 октомври.
-Тука гледаме еден остаток од минатото, каде што студентските претставници се третирани како потрошен материјал, а не препознавање на студентите како еднаков субјект кој треба да ги има сите информации. Ние искажавме револт за начинот на кој што е распишан конкурсот, бидејќи не бевме инфомирани, односно дознавме кога завршил рокот. Одговорот на Ректорот на УКИМ на моите аргументи против изборот на единствениот кандидат изјави дека се е по прописи, вели тој. Ефтимов најви дека ќе се отвори постапка на овој конкурс како не целосно објавен и нецелосно споделен до студентите.
-Првично имаме мирно решавање на споров и во рамки на Интеруниверзитетска конференција, за што сум скептик, второто е Управен суд, вели Ефтимов. Целиот разговор со Претседателот на Универзитетското Студентско Собрание, Бојан Ефтимов, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот