ВИДЕО | Џејсон Момоа вдоми слатко прасенце

Џејсон Момоа и неговото прасенце / Фото: Скриншот/Инстаграм

Американскиот актер Џејсон Момоа сподели дека вдомил црно прасенце.

Во својата видео-објава на Инстаграм, ѕвездата на филмскиот серијал „Aquaman“ шеговито му вели на симпатичното животно дека ќе му ги налакира ноктите во розова боја, дека ќе му стави мала капа и дека ќе го понесе со себе на премиерата на својот нов филм ‘Slumberland’.

Исто така, Момоа размислува дали да му го даде името Манапуа или Лау Лау, според хавајските јадења со свинско месо.

„Ова не е припитомена свиња, нели?“, го прашува мајка му во позадина.

„Не, тој е само Хавајец, целиот е див“, ѝ одговора Момоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Премиерата на филмот „Slumberland“ ќе се случи на 11 ноември, а ќе биде објавен на филмската платформа Нетфликс на 18 ноември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот