ВИДЕО | Две жртви и над 60 повредени во земјотрес од 6 по Рихтер во Кина

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Најмалку две лица загинаа денеска, во земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми.

Според Синхуа, земјотресот се случил во округот Лусијан на длабочина од 10 километри. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лужоу (со население од над 4,25 милиони луѓе). Беа пријавени речиси 7000 евакуирани лица. Според државната телевизија CCTV, повредени се 60 лица. Земјотресот уништи 737 куќи и оштети повеќе од 7000 згради, јави ДПА, повикувајќи се на „Пиплс дејли”.

Сечуан беше погоден од земјотрес со јачина од 7,9 степени во мај 2008 година, во кој загинаа речиси 90 000 луѓе.

Фото: EPA-EFE/USGS

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот