ВИДЕО | Двајца работници загинаа на аеродромот во Њујорк

Аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Двајца работници ги загубија животите откако беа затрупани под градежни материјали и земја на градилиштето на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк.

Противпожарната служба на градот Њујорк и службите за итна помош вчера по 11 часот добиле дојава за работниците кои останале заробени во ендек, пишува „Еј-би-си“

Аеродромот веднаш издаде наредба за прекин на работата. Аеродромот ЏФК во соопштението рече дека работниците „ги преместуваат комуналните линии во близина на когенеративната постројка за да се приспособат на зголемените енергетски потреби од проектот за реновирање на ЏФК“. Засега не е познат идентитетот на загинатите работници. Аеродромот ЏФК предупреди на доцнење на летовите околу двата терминали. Ниту еден лет не беше прекинат поради оваа несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот