ВИДЕО | Дувњак: Блиските соработници на Груевски проговорија пред суд оти се ближи крајот на судењето за „Плацеви на Водно“

Гордана Дувњак / Утрински брифинг
Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Останавме затечени од наглата потреба на неколку од обвинетите во случаите на СЈО да говорат отворено за тоа како се одвивале работите околу кривичните дела за кои се обвинети.

-Очигледно процесот „Плацеви на Водно“ влегува во финална фаза и имавме интересни случувања и во судницата и вон неа. Особено интересно беше сведочењето на блискиот соработник на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, кој рече дека во личен разговор со Груевски во 2012 година тој рекол дека зел 12.000 метри квадратни на Водно. Беше кажано дека од здравствени причини дека Груевски сакал да земе земјиште надвор од Скопје. Тоа потоа беше демантирано од Будимпешта и од самиот Протуѓер, вели Гордана Дувњак во редовната рубрика на Утрински брифинг – „Има ли правда?“.

Таа вели дека во т.н. демант се вели дека Груевски е разочаран од своите пријатели и дека смета оти се уценети и заплашени за да зборуваат така.

Протуѓер сведочеше дека како секретар на партијата имал голем сеф во канцеларијата, но немал клуч од него. Тоа го потврди и Гордана Јанкуловска. Таа рече и дека се давани донации на рака.

-Овој случај треба да се гледа паралелно со случајот Талир за незаконско финансирање на партијата и вториот дел од случајот градбата на т.н. палата, поради што и е замрзната сметката на ВМРО ДПМНЕ, вели Дувњак која потсетува оти имаше ситуации во кои наводни донатори изјавуваа дека никогаш не дале пари за донации на партијата.

Дувњак вели ако претходните случаи беа доведени до некоја разрешница можеби и ќе се дознаеше како се случило тоа плац на Водно да се купи од партиски донации.

-Проценка на обвинителството е кои лица ќе ги користи како соработници на Обвинителството, но тоа не можат да бидат оние за кои има докази за голема корупција или криминал, вели Дувњак објаснувајќи зошто некои луѓе се во притвор, а некои се враќаат на позиции во партијата.

Таа очекува дека пресуда на случајот „Плацеви на Водно“ ќе има следната година.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот