ВИДЕО | Димитриевски повторно одличен, Реал Мадрид не го победи Рајо Ваљекано

Фото: EPA-EFE/J.J. Guillen

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски иако беше совладан уште во третата минута, сепак неговиот Рајо успеа да остане непоразен во натпреварот против Реал Мадрид (1:1).

Избраниците на Карло Анчелоти до водство дојдоа по само три минути игра кога мрежата на Димитриевски ја погоди Хоселу. Сепак, радоста на гостите траеше само до 27. минута кога најстрогата казна по играта со рака на Камвинга во гол ја претвори Де Томас.

Видовме по некоја прилика и на двете страни до крајот на средбата, меѓутоа резултатот не се промени, па Рајо освои бод. Треба да се спомене и дека Реал Мадрид во завршницата остана со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Дани Карвахал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот