ВИДЕО: Димитриевски и Рајо осум мечеви по ред не знаат за триумф во „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Денеска во 18 коло од најквалитетната шпанска фудбалска лига екипата на Рајо Ваљекано загуби на домашен терен со 1:0 од Валенсија.

По првото полувреме немаше голови, а гостите својот гол го реализираа во 61 минута преку Канос по асистенцијата на Лопез.

Целиот меч за домаќините го одигра македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Веќе осум мечеви по ред во шампионатот играчите на тренерот Франсиско Родригез немаат победа што доведе до голем пад на табелата. Последниот триумф го имаа на 22 октомври на гости кај Лас Палмас (1:0).

Моментно во генералниот пласман на „Ла Лига“ тимот на Рајо Ваљекано е на 11 позиција со 20 бодови, три помалку од Валенсија на 10 место.

Следниот лигашки меч фудбалерите на Рајо Ваљекано ќе го имаат на 2 јануари на гостувањето кај Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот