ВИДЕО | Дерала: Говорот на омраза е претворен во политичко оружје

Цивил има посебни два деска кои се занимаваат со мониторинг на говорот на омраза. Забележуваме дека говорот на омраза е претворен во политичко оружје. Имаме една голема количина на говор на омраза која всушност е политички мотивирана за стекнување политички профити, кои пред се ги користи опозицијата, изјави Џабир Дерала од „Цивил“.
Во македонско-бугарските односи има сфери на размислување во кои забележуваме дека дел од граѓанките и граѓаните кои не се од македонско етничко потекло се чувствуваат неповикани во дебатата, и тоа е тренд кој дополнително ги разградува меѓуетничките односи. Тоа се гледа и во поделеноста која се одразува во социјалниот живот на граѓаните.
Во периодот по 2001 година имаше повисоко ниво на релаксираност, односно еден напор да се надминат разликите, односно конфликтната состојба по 2001. За разлика од тогаш, по 2018 година, од референдумот па наваму, гледаме една поинаква атмосфера во која се чувствува отровот на омразата како политичко оружје, смета Дерала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот