ВИДЕО: Дебакл на Хрватите, Данска во Париз го урна светскиот шампион

„Триколорите“ загубија минимално од Данска (1:2)/Париз, Франција/3 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Лош старт во Лигата „А“ од Лигата на нации имаше репрезентацијата на Хрватска која на стадионот во Осиек загуби убедливо од Австрија со 0:3.

По првиот дел водеа гостите со голот на Арнаутовиќ во 41 минута, а во вториот дел за период од три минути постигнаа уште два преку Грегорич и Сабицер.

Актуелниот светски шампион Франција ги разочара своите навивачи, откако во Париз загуби од Данска со 1:2.

Иако „триколорите“ беа во предност од 51 минута со погодокот на Бензема, гостинската селекција направи пресврт благодарение на Корнелиус кој двапати стрелаше во мрежата на Љорис.

На табелата во групата „1“ со по три бода водат Австрија и Данска, а ниту еден Франција и Хрватска.

Лига на нации, резултати –

Лига „А“
Белгија – Холандија 1:4
Хрватска – Австрија 0:3
Франција – Данска 1:2

Лига „Ц“
Казахстан – Азербејџан 2:0
Белорусија – Словачка 0:1

Лига „Д“
Летонија – Андора 3:0
Лихтенштајн – Молдавија 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот