ВИДЕО | Де Брујн се врати со асистенција, Манчестер Сити лесно се справи со Хадерсфилд

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер Сити со убедлива победа од 5:0 го победи Хадерсфилд и така се пласираше во следното коло од ФА Купот, а на овој натпревар по пауза повеќе од три месеци настапи Кевин Де Брујн.

Де Брујн во игра влезе во 57-та минута и беше асистент на Грилиш при поставувањето на конечниот резултат. Натпреварот беше отворен по нешто повеќе од половина час игра кога Фоден ја погоди мрежата на Хадерсфилд, четири минути подоцна Алварез се погрижи за 2:0.

Со предност од два гола Сити замина на паузата, а потоа во вториот дел Џексон си постигна автогол, додека втор гол пред погодокот на Грилиш постигна Фоден.

Вест Хем не ја оправда фаворитската улога против Бристол Сити и одигра само 1:1, па така ќе мора да игра уште еден натпревар.

ФА Куп резултати:

Лутон – Болтон 0:0

Нотингем – Блекпул 2:2

Патербороу – Лидс 0:3

Шрусбери – Врехам 0:1

ВБА – Алдершот 4:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот