ВИДЕО | Чисти бели патики без прашок за перење или сапун: Потребно ви е само тоалетна хартија и вода

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Патиките од бело платно се мамка за нечистотија. Најдовме трик што ќе ви помогне да ги отстраните дамките боја без употреба на прашок за перење или сапун. Сè што ви е потребно е тоалетна хартија и вода. Патиките мора да бидат суви и чисти пред да започнете со чистењето.

Подгответе чинија со чиста вода и ролна тоалетна хартија. Потопете парче тоалетна хартија внимателно во водата за да не се распадне, туку да остане цело парче, натопено.

Прекријте го предниот дел на патиката. Направете го истото и со страничните делови, а за тоа ќе ви треба подолго парче влажна хартија.

Продолжете со влажно обложување на патиките додека не ја покриете двојно целата површина, а потоа земете сува тоалетна хартија и добро покријте ги и двете патики.

Оставете да се исуши од 12 до 24 часа. Потоа отстранете ја хартијата и тоа е тоа. Чисти патики со малку труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот