ВИДЕО | Чиста љубов: Бебенце му пријде на златен ретривер и силно го гушна

Прегратка на бебе и ретривер / Фото: Скриншот, Твитер

Иако се поголеми кучиња, ретриверите имаат прилично нежен темперамент и не знаат за агресија. Токму тоа ги прави совршени миленици за семејства во кои има мали деца.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки на кои се прикажани дружби меѓу ретривери и мали деца. Таква е и оваа снимка, објавена на социјалната мрежа Твитер, на која мало бебе му приоѓа на својот домашен миленик и силно го гушнува.

Како што може да се воочи, кучето од расата златен ретривер е апсолутно мирно и воопшто не му пречи детската прегратка.

„Понекогаш, сѐ што ти треба е прегратка“, стои во описот на снимката која има повеќе од пет милиони прегледи.

ВИДЕО | Ретривер „ветил“ дека ќе биде добар на прошетката: За секунда заборави сè

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот