ВИДЕО | Ретривер „ветил“ дека ќе биде добар на прошетката: За секунда заборави сè

златен ретривер
Златен ретривер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кога и да излезе на прошетка, златниот ретривер Шамп создава хаос. Се капе во секоја локва на која ќе наиде и ужива на отворено како да нема утре.

Пред прошетката на почетокот на август, сопственикот го седнал Шамп за да разговараат сериозно. Со љубовен поглед ветил дека овој пат ќе биде добар, но брзо го погазил својот збор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Champ.paw.in_ (@champ.paw.in_7)

Веднаш штом излегол, Шамп се тркалал во секое купче песок на кое наишол и со своето однесување предизвика многу смеа на социјалните мрежи.

„Каков невин поглед“, „Браво, Шамп“, „Моето куче го прави истото кога сме излезени на прошетка“, коментираа воодушевените од видеото кое се појави на „Инстаграм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот