ВИДЕО | Бура од реакции на Островот: Дали Ковачиќ го прослави голот на Челси за реми?

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Челси и Манчестер Сити вчера одиграа фантастично дерби во Премиер лигата кое на крајот заврши без победник со 4:4, а по натпреварот една од главните теми е Матео Ковачиќ.

Имено, Хрватот имаше мала минутажа и не покажа ништо, меѓутоа стана топ тема поради реакцијата по голот на Челси за 4:4.

Челси до бодот во дербито стигна со голот од пенал на Палмер, а во тие моменти можеше да се забележи како Ковачиќ со број осум на дресот ја стиска тупаницата како да се радува на голот кој го прима неговиот сегашен тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот