ВИДЕО: Борац Бања Лука и Симиќ пресилни за Пелистер во АБА 2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ и неговиот Борац од Бања Лука, ги запреа кошаркарите на Пелистер, победија со убедливи 89:67 денеска во рамките од АБА 2 лигата.

Кошаркарите на Пелистер го одиграа својот шест натпревар во регионаната конкуренција,. Пред себе имаа еден квалитетен противник, со ист скор на табелата во претходните два „балони“ (4-1). И кој беше подобар ривал во текот на сите 40 минути.

За битолската екипа доминираше Американецот Карутерс со 19 поени, следен од Босанецот Хаџифејзовиќ со 15 поени, а на спротивната страна Ребец постигна 15 поени, додека Симиќ придонесе со девет коша.

По шест кола во регионалното натпреварување, Пелистер има скор (4-2) на шестото место, додека претставникот од Босна и Херцеговина е на втората позиција на табелата (5-1).

Следното седмо коло, кое ќе стартува утре, од 15.00 часот, ќе го отворат екипите на ТФТ и на сараевски Спарс (БиХ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот