ВИДЕО: Беа големи ривали, Федерер го имаше последното грен слем финале против Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Рожер Федерер го најави крајот на тениската професионална кариера, еден од најголемите играчи на сите времиња.

Швајцарскиот великан освои 20 Грен слем титули, а лесно можеше да се случи да има барем уште една. Но, на патот му застана српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Федерер и Ѓоковиќ меѓу себе одиграа вкупно 50 мечеви, Ноле беше подобар во тоа големо ривалство, 27:23.

Мечот кој го одбележа ривалството, но и историјата на тенисот е антологиското финале на грен слем турнирот „Вимблдон“ во 2019 година.

Тогаш Федерер имаше сè на своја страна, две меч топки и сервис, а покрај тоа, публиката навиваше за него како во транс. Но, Ѓоковиќ направи голем пресврт (7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12) и дојде до својот тогаш петти трофеј на „Вимблдон“, беше шампион и во 2021 и 2022 година.

Тоа беше инаку последното грен слем финале на Федерер во кариерата. Вкупно 31 пат доаѓаше до финалните мечеви на грен слем турнирите, најмногу го освојуваше „Вимблдон“, осум пати, потоа со шест титули се закити на „Австралија опен“, со пет на „УС Опен“, а имаше само една на „Ролан Гарос“ во 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот