Рожер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, ја завршува кариерата

Рожер Федерер ќе настапи уште еднаш на „Лејвер купот“ во Лондон/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Рожер Федерер, освојувачот на 20 Грен слем титули, потврди преку социјалните мрежи дека „Лејвер купот“ ќе биде последниот АТП настан на кој ќе игра професионално. Тој и во иднина ќе игра тенис, но не на грен слемовите или на АТП турнирите.

Швајцарецот ќе остане запаметен во историјата на тенисот. Со години многумина веруваа дека тој заслужува да биде прогласен за најдобар на сите времиња, но Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ го стигнаа и на крајот го претекнаа по бројот на грен слем титули.

И покрај тоа, Федерер ќе остане синоним за најелегантен и најубав тенис, а беше миленик и на фановите кои го обожаваа каде и да се појави.

– Како што повеќето од вас знаат, изминатите три години ме соочија со бројни предизвици во форма на повреди и операции. Работев многу напорно за да се вратам во натпреварувачка форма. Но, јас цело време знаев дека моето тело има ограничувања и пораката што ми ја испраќа во последно време е многу јасна. Имам 41 година. Одиграв повеќе од 1.500 мечеви во кариерата во овие 24 години. Тенисот се однесуваше со мене повеќе од добро, подобро отколку што можев да сонувам и морам да разберам и да препознаам кога е време да ја завршам мојата натпреварувачка кариера – напиша Федерер.

Многуте рекорди на Федерер, кои тој суверено ги држеше, сега паднаа во сенка, а тој допрва треба да се пофали дека е најтрофејниот тенисер на „Вимблдон“ со осум освоени титули, но и таму Ѓоковиќ може да го стигне, бидејќи тој има еден помалку.

Федерер ќе се збогува на „Лејвер купот“ кој се одржува од 23 до 25 септември 2022 во Лондон, ќе биде во „Тимот на Европа“ заедно со Новак Ѓоковиќ (Србија), Рафаел Надал (Шпанија), Стефанос Циципас (Грција), Каспер Руд (Норвешка) и Енди Мареј (Велика Британија). А во „Тимот на Светот“ се очекува да бидат Тејлор Фриц (САД), Феликс Оже-Алијасим (Канада), Диего Шварцман (Аргентина), Френсис Тиафо (САД), Алекс де Минор (Австралија) и Џек Сок (САД).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот