ВИДЕО: Барса и Ренџерс не дозволија изненадување во Лига Европа

Каталонскиот гигант на реваншот славеше против Галатасарај/Истанбул, Турција/17 март 2022/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Вечерва ги дознавме првите четири екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето во Лига Европа, тие се Аталанта, Ренџерс, Барселона и Брага.

Аталанта по вторпат успеа да го совлада Баер Леверкузен (0:1) овојпат на гостински терен со голот на Бога во финишот од средбата (90+1`).

Црвена звезда не успеа да ја анулира негативата од првиот меч против Ренџерс кој триумфираше со 3:0. На возвратната пресметка во Белград домаќините остварија триумф од 2:1 што не беше доволно за пласман во следната фаза.

А добро започна мечот за белградските „црвено-бели“ со голот на Иваниќ уште во 10 минута. За Шкотите израмни Кент во 56 минута, а конечниот епилог го постави Ел Фарду Бен од пенал (90+3`).

По првите 90 минути на „Камп Ноу“ мрежите мируваа, што беше одлична можност за Галатасарај во Истанбул да изненадат, но тоа не го дозволи каталонскиот гигант.

Барселона славеше со пресврт (1:2), најпрвин огромна радост за домашните навивачи донесе Маркао во 28 минута, за нов егал се погрижи Педри во 37 минута, а во 50 минута Обамејанг ја донесе победата за гостите.

Монако и Брага ремизираа на реваншот со 1:1, а благодарение на победата од 2:0 во првиот меч, Португалците обезбедија пласман во четвртфиналето. Руиз во 20 минута донесе предност за гостите, а израмни Дисаси во 90 минута.

Лига Европа 2021/2022

Осминафинале (во заграда се резултатите од првите натпревари)

Баер Леверкузен – Аталанта 0:1 (2:3)
Црвена звезда – Ренџерс 2:1 (0:3)
Галатасарај – Барселона 1:2 (0:0)
Монако – Брага 1:1 (0:2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот