ВИДЕО: Баерн го одложи шампионското славје на Леверкузен – Елмас и Лајпциг во трка за ЛШ

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Во Бундес лигата фудбалерите на Борусија Дортмунд останаа во трка со Лајпциг за четвртото место совладувајќи ја екипата на Борусија Менхенгладбах со 2:1 со головите на Сабицер во првото полувреме.

Лајпциг пред своите навивачи со 3:0 го надигра Волфсбург со погодоците на Олмо, Сешко и Опенда. За домашниот состав настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 86 минута.

Баерн Минхен со погодоците на Гереиро и Милер во вториот дел стигна до триумф над Келн. Така, ја одложи прославата на титулата на Баер кој има 13 бода повеќе Баварците. Клубот од Леверкузен ќе ја освои првата титула во историјата доколку во недела го совлада Вердер Бремен.

Се одиграа уште два натпревари, ремизираа Бохум и Хејденхајм (1:1), а Мајнц убедливо со 4:1 го совлада Хофенхајм.

На табелата Баер Леверкузен е на првото место со 76 бодови, пред Баерн Минхен кој има 63, трет е Штутгарт со 60, следува Лајпциг со 56, колку што има и Борусија Дортмунд на петтото место, а далеку зад нив е Ајнтрахт Франкфурт со 42 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот