ВИДЕО: Аталанта славеше во Монца и се врати на врвот во Серија А

Аталанта продолжува успешно во италијанската Серија А/Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Фудбалерите на Аталанта го победија тимот на Монца со 2:0 денеска на гостински терен во петтото коло од Серија А.

Со овој триумф Аталанта дојде до 13 бода, со што го презеде врвот на табелата, пред Наполи и Милан кои имаат по 11, односно Удинезе и Рома кои имаат по 10.

Во локалното дерби Монца беше достоен противник, особено во првото полувреме. Во воведните минути имаше дури три шанси, преку Мота, Аугусто и Сенси, но Аталанта успеа да ја зачува мрежата.

По почетниот притисок Аталанта ја презеде иницијативата и целосно ја презеде контролата во вториот дел. Хојлунд беше во центарот на вниманието, кој прво имаше одлична шанса, а потоа постигна гол. Првично беше поништен, но по ВАР асистенцијата беше потврдено водството на клубот од Бергамо.

Осум минути подоцна беа решени сите дилеми, Марлон, во желбата да ја отстрани опасноста, си постигна автогол и ја удвои позитивата на Аталанта.

Се одигра уште еден меч во италијанскиот шампионат, Салернитана ремизираше на гостувањето кај Емполи со 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот