ВИДЕО АНКЕТА: Светски ден без тутун – што велат граѓаните за пушењето

Секоја година на 31 Мај, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите го одбележуваат Светскиот ден без тутун, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот.
Светскиот ден без тутун се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Секоја година околу 8 милиони луѓе умираат како последица од употребата на тутун.
– 7 милиони од директна употреба, а околу 1.2 милиони како последица од пасивна изложеност на тутунски производи
– Пасивно пушење – изложеност на чад или пареа на било кој од тутунските производи.
– 9 од 10 пушачи почнале да пушат пред 18 годишна возраст.
– Употребата на тутун кај младината ја намалува функцијата и развојот на белите дробови, што води кон можност за појава на хронични болести.
Во Македонија во просек се пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите.
Половина од населението во Македонија пуши цигари и конзумира производи од тутун, покажуваат резултатите од направените студии за бихевиорални и културолошки аспекти за употребата и откажувањето на тутун.
По повод, овој ден, се спуштивме во центарот на градот да ги анкетираме нашите граѓани за оваа тематика. Проследете го видеото…