ВИДЕО АНКЕТА| Без гужви и турканици, граѓаните задоволни од текот на вакцинација против сезонски грип

Фото: Принскрин

Почна вакцинацијата против сезонски грип. Повеќе од 30 илјади граѓани кои изразиле интерес да се вакцинираат против сезонски грип, а се во ризичните групи. Министерството за здравство обезбеди 60 илјади вакцини против сезонски грип, кои се четиривалентни.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали се задоволни од тоа како тече вакцинацијата и дали често се вакцинираат? Голем дел од нив велат дека често се вакцинираат и генерално се задоволни од текот на вакцинацијата.

На прашањето која е причината поради која примате вакцина, граѓаните велат дека ја примаат да се заштитат од сезонски грип.

– Не очекувам нус појави од вакцината. Еднаш годишно се вакцинирам,  едно седум-осум години заедно доаѓаме со сопругот и си примаме вакцина- вели една скопјанка.

Друг објаснува дека нема гужва во пунктовите.

-Се вакцинирам поради безбедност, да не се разболам од грип, ние сме сепак во години- вели постар господин.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја овде: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот