ВИДЕО | Андоновиќ : Протести во Шри Ланка: Од што се предизвикани насилствата на овој остров?

Шри ланка протест EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Премиерот на Шри Ланка Махинда Раџапакса поднесе оставка поради масовните протести на неколку десетици илјади демонстранти изиритирани од големата економската криза, во земјата соопштија официјални лица.

Оставаката Раџапакса ја даде откако беше воведен полициски час како резултат на насилните судири меѓу поддржувачите и противниците на владата во главниот град Коломбо.

Најмалку 190 лица се повредени во насилствата во главниот град, а има и жртви, соопштија властите во Коломбо.

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса прогласи вонредна состојба среде широко распространетите јавни протести, на кои граѓаните бараат негова оставка поради најголемата економска криза во земјата во последните години, известува Агенија Анадолија

шри ланка протести EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Претседателот Раџапакса потпиша декрет со кој од вчера се воведува вонредната состојба во земјата
Шри Ланка е близу до банкрот, бидејќи објави дека ја запира отплатата на долговите кон странство. Државната каса во моментов има употребливи девизни резерви помали од 50 милиони долари. Годинава оваа земја треба да отплати долгови кон странство во вредност од 7 милијарди долари на долгот од 26 милијарди, чиј рок за отплата е до 2026 година.

Демонстрантите бараат Раџапакса и неговите моќни владеечки семејства да се повлечат, сметајќи ги за одговорни за економската криза. Слични протести се проширија во повеќе градови низ земјата.

шри ланка протести EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Веќе неколку месеци населението во редици чека за купување гориво, плин, храна и лекови. Имајќи го во предвид растот на цената на нафтата поради руско-украинската војна, резервите на гориво во Шри Ланка се намалуваат. Властите најавија прекини во испораката на електрична енергија во целата земја, бидејќи не можат да обезбедат гориво за електраните.

До оваа состојба 20 милионската Шри ланка дојде како резултат на високата корупција која владее во оваа поранепна бритаска колонија.

Шри Ланка протести EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Од нејзиното осамаостојување во 1972 година до сега со земјата владеат две семејства каде и се концентрира целиот капитал и бизнис. Особен удар за населението на Шри ланка беше зададен и од кризата со панемдијата бидејќи главна гранка за егзистенија, покрај познатиот цејлонски чај е туризмот кој речиси запре изминативе две години.

Останува и тезата дека кинеските кредити кои оваа држава изминатите години беа земени, буиле неповолни и сега нивното враќање стана невозможна мисија

Има и геостратешки контекст ако се земе во рпедвид дека Шри Ланка е држава која во минатото била дел од Индија, која со големо противење гледаше на кинеското присуство на овој поранешен дела на Иднискиот потконтинент.

Тензиите на Шри Ланка како и на Филипините се сметаат можеби како вовед во новото геостратешко надмудрување и натпреварување на големите сили во реонот на југоисточна азија и обидот на Кина за доминација во овој дел на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот