ВИДЕО | Ампева: За време на пандемијата се искористија сите правни дупки за да се отпуштаат жени

кристина ампева гласен текстилец
Кристина Ампева „Гласен текстилец“/ Фото: МИА

Иако се донесе закон против дискриминација и се формираше Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, сепак се уште малку се зборува за родово базирана дискриминација на работното место, смета Кристина Ампева од здружението Гласен Текстилец.

„Од март минатата година кога почна оваа корона криза особено беше изразена родово базираната дискриминација, на пример, кога имаше ослободување за мајки на деца до 10-годишна возраст, бремени жени и хронично болни, во тоа време гледавме како се раскинуваат договорите за работа. Се измислија 350 начини и се искористија сите правни дупки тие жени да се тргнат од нивните работни места, бидејќи наводно не се продуктивни, штом мора да го чуваш детето дома или штом си бремена – тогаш си мрзелива или не ти се работи. Така што особено во овој период е изразена таа родово базирана дискриминација, барем од она што го гледаме на терен. За многу од тие случаи сме се обратиле до институциите, за многу од нив имавме успешно решение, меѓутоа и покрај законите, односно Законот работни односи според кој бремените жени уживаат посебна заштита се случува да заврши договорот за работа и да не се продолжи и тоа не се смета за дискриминација. Според нашата евиденција, од март 2020 година имаме пријавено 106 случаи на родово базирана дискриминација.

Во 2019 година имавме една судска пресуда, меѓутоа не одевме по Законот за заштита од дискриминација, туку се работеше за бремена жена на која и’ беше откажан договорот за вработување, во 2020 година го имавме случајот во Куманово и сега имаме два случаи, каде се работи за мајки на деца до десетгодишна возраст на коишто на некој чуден начин им е прекинат договорот за вработување и тоа ќе го докажуваме на суд. Во периодот на пандемија најмногу покрај случаите на дискриминација на мајките и на бремените жени, особено во текстилната индустрија, а и во целиот приватен сектор, има случаи кога жените за иста работа се помалку платени од мажите“, вели за Утрински брифинг, Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен Текстилец“.

Таа ја најави и кампања за подигнување на свеста за родово базираната дискриминација на работното место.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот