ВИДЕО: Актерската мајсторија во краткиот филм е да знаеме каква приказна правиме, вели Сашко Коцев

Актерот Сашко Коцев за главната улога во краткиот филм „Налепница“ ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот „Social World Film Festival“, кој се одржуваше во Берлин, Германија. Тој за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ вели дека наградата за него била изненадување.

Но филмот „Налепница“ во режија на Георги Унковски веќе освои повеќе меѓународни награди меѓу кои и на Софискиот „Ин д палас”, меѓународен фестивал за краток филм, којшто е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар. За улогата во „Налепница“, Коцев вели дека кога се работи за краток филм, актерската мајсторија зависи од визијата на режисерот за тоа каква приказна ќе раскаже филмот.

Кога го прочитав сценариото, видов дека е напишан повеќе како комедија, кога се појавив на кастингот, јас не ја донесов комедијата со себе, нешто друго прочитав и нешто друго одиграв, дали дека бев тазе родител, не знам што беше точно причината…За мене најдобро од целиот филм е што точно се разбравме дека ќе играме некаде на границата, тенката линија помеѓу драмата и комедијата– рече Коцев.

Целиот разговор проследете го во видето:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот