ВИДЕО | Ако долгот не се подмири, приватните автобуски превозници ќе излезат на нови протести во Скопје

Протест пред ЈСП/ФОТО: Слободен печат

Приватните автобуски превозници кои со месеци ги чекаат своите пари од Град Скопје за претходно извршените договори за јавен превоз во главниот град, утрово протестираат пред седишетото на ЈСП.

-Овде сме со цел да побараме средба со директорот на ЈСП. Немаме никакви примања веќе 6 месеци. Колегите од Слобода превоз добија мизерни 5000 денари, па затоа и дојдовме да прашаме по кој основ е ваквата уплатата на нивната сметка. Доколку немаме одговор од директорот за решавање на нашите проблеми, тогаш повторно ќе поднесеме барање за средба со Арсовска, а последна надеж ќе ни биде премиерот Димитар Ковачевски. Ако повторно не бидеме сериозно разбрани, ќе следуваат нови протести во градот, изјави Јовица Зафировски, приватен превозник.

Тие ќе побараат и средба со градоначалничката Данела Арсовска, а доколку не се договорат за исплата на долгот, приватните превозници повторно ќе излезат на блокади на градските улици.

Град Скопје минатата година ги раскина договорите со приватните превозници кои пред Нова година блокираа повеќе сообраќајници во центарот на Скопје со барање да им бидат исплатени парите, што пак градоначалничката Данела Арсовска негираше дека Градот им е должник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот