ВИДЕО: 580 дечиња во основно училиште извеле песна на знаковен јазик за другарче со Даунов синдром

принтскрин од видео фб

„Не грижи се за ништо“ – тоа беше пораката, предадена од повеќе од 1000 мали рачиња преку знаковниот јазик, до ученикот со Даунов синдром во основното училиште во Хелок во Нов Зеланд.

Како дел од Неделата на знаковен јазик на Нов Зеланд која традиционално се одржува во месец мај, 580 деца го научиле класикот „Three Little Birds“ од Боб Марли на знаковен јазик.

Директорот Ник Рид истакна дека училиштето имало еден ученик со Даунов синдром кој комуницирал со помош на знаковен јазик, па целото училиштето решило да направи настан посветен токму за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The New Zealand Herald (@nzherald)

Ние сакаме да се осигураме дека сме инклузивни и да им посветиме внимание на сите наши ученици“, истакна Рид за „Hawke’s Bay Today

Учителката Ени Бојд на момчето со Даунов синдром минатата година сакала да се осигура дека другите деца можат да комуницираат со него. Бојд вели дека тоа ѝ донело сосема нова димензија на нејзиниот час.

Тој е толку многу забавен, децата сакаат да бидат со него. Децата треба да знаат за инклузивноста – не видовме да се зборува за Неделата на знаковниот јазик, но треба да ја направиме повеќе во врска со тоа, бидејќи знаковниот јазик е трет јазик во Нов Зеланд“, истакна таа, додавајќи дека е навистина важно луѓето да ги знаат основите на знаковниот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот