Весел Мемеди ги повлекува сите негови функционери? - Слободен печат
ВестиМакедонија

Весел Мемеди ги повлекува сите негови функционери?

Во текот на денешниот ден се очекува да бидат изгласани и новите министри, додека НДП најави обелоденување на официјален став доколку се реализира планот на Заев.

На вчерашниот состанок на Општинскиот совет во Гостивар, советникот на Националната демократска преродба (НДП) го напуштил состанокот и како последица на тоа, локалното мнозинство СДСМ-ДУИ останало без мнозинството гласови, пишува „Факте“, пренесува „Тетова Сот“.

Ова се должи на влошувањето на односите меѓу НДП и владеачката СДСМ, бидејќи премиерот Зоран Заев одлучи да и го земе министерството за Локална самоуправа на партијата на Весел Мемеди.

Во текот на денешниот ден се очекува да бидат изгласани и новите министри, додека НДП најави обелоденување на официјален став доколку се реализира планот на Заев.

Според истиот медиум, партиски извори велат дека речиси е завршена работа дека утре НДП ќе ги повлече сите свои функционери од сите нивоа, со што ќе стави крај на заедничкото владеење со Заев.

Инаку, во времето кога беше формирана Владата на Заев, гласот на НДП во Собранието, беше потребниот глас за да се формира новото парламентарно мнозинство. Како последица на тоа, Мемеди беше назначен за подпретседател на Собранието, додека пак неговите сопартијци добија едно министерство и повеќе функции во третиот и четвртиот ешалон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close