Вереницата на Џеф Безос наполни 54 години: Згодната новинарка танцувала на маса во луксузен ресторан

Фото: Инстаграм/Лорен Санчез

Американската новинарка Лорен Санчез имаше прилично успешна година – се вери за основачот на „Амазон“, Џеф Безос и успеа да се најде на насловната страница на најпрестижното модно списание „Вог“.

Вчера Санчез наполни 54 години, но својот роденден го славеше во текот на целиот викенд, со роденденско патување на францускиот остров Свети Вартоломеј.

Како што извести „Пејџ сикс“, згодната новинарка била забележана како танцува на масите во медитеранскиот ресторан „Ла петит плаж“. 

Фото. Инстаграм/Лорен Санчез

Светоци наведуваат дека Санчез, Безос, филмскиот продуцент Брајан Глејзер, медиумскиот магнат Дејвид Гефен, бизнисменот Бери Дилер и претприемачот Мајкл Сејлор биле забележани во популарниот ресторан. Исто така, на прославата била присутна и сестрата на Санчез, Елена.

„Сите беа опуштени. Лорен Санчез во одреден момент стана и почна да танцува на масата. Изгледаше како да слават нечиј роденден“, изјави извор за „Пејџ сикс“.

Фото. Инстаграм/Лорен Санчез

Друг извор додаде дека Безос и Санчез престојуваат на неговата суперјахта вредна 500 милиони долари додека се во градот.

Пријателките на Санчез, меѓу кои и адвокатката Лидија Кивес и инфлуенсерката Тоби Гонзалез, исто така беа присутни на роденденската забава.

-i-svrshenicata-kje-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот