Вејд: Кога ќе се пензионирам, мора да одам на психијатар – Слободен печат
КошаркаСпорт

Вејд: Кога ќе се пензионирам, мора да одам на психијатар

Двејн Вејд, кој ги игра последните три натпревари во кариерата доколку Мајами не обезбеди пласман во плејофот, знае што ќе работи во првите пензионерски денови.

Двејн Вејн најави дека ова му е последна сезона во кариерата и од одење во пензија го делат последните три натпревари, под услов Мајами хит да не се пласира во плејофот. Моментно Мајами се наоѓа на деветтата позиција во Источната конферецнија, а пред нив е Детроит, кој има само една победа повеќе.

Вејд во последната сезона од кариерата има просек од 14 поени по натпревар и најави дека во првите пензионерски денови ќе побара помош од психијатар.
– Сериозен сум, мора да одам на терапија. Тоа ќе биде голема промена за мене, 16 сезони во НБА и одеднаш нема да имам никакви обврски. Веќе и кажав на сопругата: „Ќе ми треба терапија и мора да работиме на тоа“. Отсекогаш сум бил против тоа некој кој не ме познава да ми зборува како да живеам или да ми дава насоки во животот. Но потребен ми е некој со кого ќе разговарам за сите тие работи – вели Вејд.

Двејн Вејд во НБА лигата влезе во 2003 година и речиси цела кариера ја мина во Мајами хит, освен сезоната 2016-17 кога играше за Чикаго булс, но наредната сезона повторно се врати во Мајами.
Трипати ја освојуваше титулата во НБА (2006, 2012, 2013).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close