Ве пече во градниот кош, а не е срцето?

Фото: Профимедиа

Печењето и болката во пределот на градите, подуеноста, подригнувањето, мачнината, враќањето на храната од желудникот… сѐ се тоа симптоми на жиговина, од која страдаат помеѓу 20 и 40 отсто од западната популација. Ако првпат се среќавата се жиговина, може да се изненадите, со оглед на тоа дека многу симптоми на печење и болка во градите се заменуваат со срцев удар. Таа може да се јави во блага форма кај некои лица, но некои ги мачи секојдневно. Тогаш вообичаено станува збор за некоја сериозна болест и неопходно е да се побара лекарска помош.

Станува збор за појава кога желудочната киселина се крева од желудникот во храноповодот, што предизвикува болка и печење. Мускулот кој се нарекува долен сфинктер на хранопроводот, главно го спречува влезот на желудочната киселина во него. При жиговина, киселината влегува во хранопроводнитекот, а таа состојба се нарекува рефлукс.

Изборот на правилни намирници е исклучително важен за оние што страдаат од чувствителен желудник. Се смета дека храната е одговорна за појава на жиговина и киселините во желудникот во дури 92 отсто од случаите. Одредени намирници може да дејствуваат како поттикнувачи за појавата на жиговина, затоа се препорачува нивно избегнување. Тоа се цитрусите, мрсната и зачинета храна, чоколадата, млекото, газираните и алкохолните пијалаци, кофеинот.

Освен храната, и лековите може да ја поттикнат или интензивираат жиговината, како што се аспиринот, антибиотиците, антидепресивите и седативите.

Ако ги согледаме животните навики, дебелите лица, оние кои консумираат големи оброци носат претесна облека и пушачите се повеќе склони на жиговина.

Како да си помогнете

За да го олесните ждригавицата, ставете лажичка свежо рендан ѓумбир во чаша врела вода. Процедете после 10 минути и испијте. Ѓумбирот ќе ги опушти sидовите на хранопроводникот, што ќе го спречи кревањето на киселината.

Можете исто така да направите чај против жиговина од коренот на бел слез, чија слуз го штити хранопроводот од желудочната киселина. Една лажичка корен на шолја врела вода е доволна, а се препорачуваат до четири шолја на ден. Сличен чај можете да направите од мазен брест.

Исто така, паметно е да го зголемите внесувањето на пробиотик. Уменото млеко и изборот на кефир можат да направат чуда, според експертите, кои во исто време советуваат поголем внес на сонце – витамин Д и морска сол.

Омилениот „домашен“ лек за жиговина вклучува растворање една лажица сода-бикарбона во половина чаша вода. Тоа е алкална супстанција која може да ја неутрализира киселината. Но, не смеете да претерувате со користењето на содата-бикарбоната.

Ако имате чист сок од алoe вера дома, консумирајте го затоа што и тој може да ја ублажи жиговината, а исто така одлично дејствува кај чир на желудник.

Гастроезофагеален рефлукс

Ако жиговината ве мачи повеќе од двапати неделно, можеби е во прашање гастроезофагеален рефлукс. Гастроезофагеалниот рефлукс може да доведе до оштетување на хранопроводникот и да го зголеми ризикот од развој на рак кај возрасните лица. Проблемот е предизвикан од слабост на мускулниот прстен кој се наоѓа на спојот на хранопроводот и желудникот. За да се провери изгледот на хранопроводот и желудникот, потребно е да се спроведе гастроскопија, а потоа може да се препишат лекови кои го намалуваат лачењето на желудочната киселина и со тоа значително ги олеснуваат проблемите или целосно исчезнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот