„Ве набљудуваме“: Јапонија ја предупреди Русија за воените вежби на јапонските води

Руски авиони/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Јапонската влада денеска ја предупреди Русија поради претстојната руска воена вежба, која, според Токио, ќе ги наруши јапонските територијални води, изјави шефот на јапонскиот кабинет, Кацунобу Като.

„Руската ракетна област делумно ја покрива ексклузивната економска зона на нашата земја. Во овој поглед, испративме протест до Русија преку дипломатските канали“ – рече Като, пренесува руската агенција ТАС.

Тој потсети дека вежбата ќе се одржи во периодот од 4 до 9 октомври во Јапонското Море.

„Ќе продолжиме многу внимателно да ги набљудуваме акциите на руската армија во близина на нашата земја, вклучително и претстојната вежба – додаде Като.

Во саботата, јапонскиот весник „Санкеи Шимбун“, повикувајќи се на свои извори, објави дека јапонската влада ги предупредила руските власти поради воената вежба, која, според Токио, ќе се одржи во близина на островот Кунашир.

Според ТАС, тој остров е дел од архипелагот Курил за кој Јапонија тврди дека е нејзин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот