Вашингтон во конфликт со Њујорк поради новиот закон за издавање возачки дозволи

Според законот, недокументираните имиграни можат да аплицираат за возачка дозвола и федералните безбедносни служби немаат право на увид во базата на податоци на Одделот за моторни возила без судски налог.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, преку Департментот за национална безбедност, ја укина програмата за брзо поминување пасошка контрола без да се чека на ред во аеродромите и граничните премини на Њујорк.

Како што синоќа објаснија од Администрацијата, одлуката е одговор на новововедената политика на властите на сојузната држава Њујорк за издавање возачки дозволи на имигранти, „која ја загрозува национална безбедност со нов закон овозможувајќи им на нелегалните имигранти да добиваат возачки дозволи”.

Според законот, недокументираните имиграни можат да аплицираат за возачка дозвола и федералните безбедносни служби немаат право на увид во базата на податоци на Одделот за моторни возила без судски налог. Во одделот се чуваат информации за сите издадени возачки дозволи.

Од Администрацијата изјавија дека со овој закон Њујорк прави пречки во надлежностите на федералните безбедносни служби во нивните „напори да се зачува безбедноста во земјата“. Оттаму изјавија дека ќе ја укинат забраната на програмата за брзо поминување ако Њујорк им даде увид во базата на податоци за моторни возила.

Таканаречената Trusted Traveler или Global Entry е платна програма користена насекаде низ САД, пријавувањето е онлајн само за американските државјани, при што се прави дополнителна ригорозна проверка на идентитетот еднаш во пет години, и овозможува патниците да ги избегнат редиците за проверка на багажот и пасошка контрола.

Официјални лица на сојузната држава Њујорк денеска соопштија дека ќе ја тужат Администрацијата на Трамп.

– Ова е грубо мешање во работата на власта на Њујорк, и насилничка политичка тактика која им штети на њујорчани во секој политички поглед, изјави денеска демократскиот гувернер на Њујорк Ендру Куомо.

Конфликтот меѓу Админситрацијата во Вашингтон и Њујорк може да влијае врз навиките на 175 илјади жители кои патуваат од или се враќаат во Њујорк, вклучени во програмата.

– Невидена ароганција, непочитување на законот и уште една форма на изнуда, рече гувернерот, кој чекорот на Администрацијата го спореди со „тоа што Трамп и го направи на Украина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот