„Вашингтон пост“ ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина

Вашингтон пост / Фото: Архива

„Вашингтон пост“, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието.

Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се навдува во Телеграм каналот на изданието.

По инвазијата на Украина во Русија беа затворени неколкуте преостанати независни медиуми, а новинарите кои работеа во тие медиуми ја напуштија земјата. Оние кои работат се под строга воена цензура. Војната во Украина не смее да се нарекува војна туку „специјална воена операција”, во спротивно физичките и правните лица се соочуват со драконски казни до 15 години затвор.

Социјалните мрежи, блогови и форуми се под 24 часовен надзор на специјални служби на руските безбедносни сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот