Варвициотис: Нова демократија во наследство го доби лошиот Договор од Преспа - Слободен печат

Варвициотис: Нова демократија во наследство го доби лошиот Договор од Преспа

Не сме копотписници на Договорот од Преспа. Како што ни оставивте во наследство други прашања, така во наследство го добивме и лошиот договор за кој треба да работиме за резултатите да ги направиме многу подобри, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, надлежен за европски прашања Милитиадис Варвициотис, за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија им се обрати на поранешниот премиер Ципрас, на поранешниот министер за надворешни работи Катругалос и на другите кои коментирале, велејќи дека дошло до недоразбирање во однос на она што тој го кажа на конференцијата на „Економист”. Го повтори веќе изнесениот став дека Нова демократија „се бореше и стори сѐ да не се потпише и да не се ратификува Договорот од Преспа”, бидејќи смета дека станува збор за лош договор и не ги решава на корисен начин националните прашања.

-Да не се истрчувате и да велите дека сме копотписници на Договорот од Преспа. Го наследивме, ќе се обидеме, преку тесната рамка што е опишана да ја подобриме реалноста што ја создава и тоа ќе го направиме доследно, со труд, со меѓународните сојузништва и без да ја ризикуваме позицијата на земјата. Бидејќи секоја друга политика би значела дека го имаме загубено нашето главно оружје, што беше ветото за влез на Скопје во НАТО, а од друга страна ја имаме изгубено Времената спогодба, што го предвидуваше начинот на кој оваа држава се претставува во меѓународните организации, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

Варвициотис објасни постојат две полиња на кои треба да работат за резултатите од „лошиот договор да бидат многу подобри за грчките национални интереси”.

-Прво е полето на економијата, прашањето со бизнисите, производите, кои треба да ги зајакнеме, треба да го дадеме поттикот што треба и, секако, треба на европско ниво да ја гарантираме нивната автентичност. Второто е прашањето со иредентизмот. И овде сакаме да испратиме јасна порака дека ќе бидеме во континуиран процес на следење и на развојот на предвиденото во Договорот, но уште повеќе кога ќе се отвори европскиот пат на северниот сосед кон Европската унија, тогаш во секоја фаза ќе бидеме таму за да следиме, бидејќи сакаме Западен Балкан да оди напред во Европа, но без никакви отстапки, ниту за прашањата со иредентизмот, ниту за прашања кои се поврзани со владеењето на правото, рече Варвициотис за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на грчката влада, пренесе МИА.

Прочитај повеќе

Индија со воена парада го прослави Денот на Републиката

МИА

„Медена земја“ имаше премиера пред љубљанската публика

МИА

Во Јапонија е потврден четврт случај со коронавирусот

Слободен печат

Значително зголемување на бројот на случаи на семејно насилство во Албанија

Слободен печат

Иранската нуклеарна агенција подготвена за неограничено збогатување на ураниум

Слободен печат

Со 1,4 милијарда денари преку Оперативниот план ќе се опфатат 11.761 лице

Слободен печат

Остави Коментар

2 × two =

Прочитај повеќе

Период на добри услови за зимско планинарење на Шар Планина

МИА

Австралија: Пожарите ги гаси дождот, но предизвикува поплави

Слободен печат

Се преземаат активности за расчистување на случајот со групата „Јавна соба” на „Телеграм”

МИА

ИЗБОРНА ГОДИНА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН: Од пет поранешни држави на СФРЈ, дури четири избираат нови влади и парламенти

Слободен печат

СДСМ: Изборите во 2014 година ги украде Груевски, обвинителството не презело ништо против Заев

Слободен печат

Одбранбен правен тим: Смена на Трамп би била опасен преседан

Слободен печат