Вардар објави важни информации за навивачите пред дербито против Шкендија

Фото: FK Vardar

Во сабота во рамките од 24. коло во македонската Прва лига силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Шкендија, а пред дербито денеска црвено-црните објавија важни информации за овој дуел.

„Екипата на Шкендија е наш противник во 24 коло од ПМФЛ. Не очекува голема битка, затоа покрај максимумот кој нашите фудбалери мора да го дадат на теренот, потребна е и максимална поддршка од трибините. Во сабота – заедно до целта!

Со цел се да помине во најдобар ред, на сите кои ќе присуствуваат на натпреварот во сабота, јасно им ги потенциравме важните информации, кои мора да ги знаат и до кои мора да се придржуваат.

Прочитајте ги, запомнете ги и не се обидувајте да ги прекршите правилата. Во сабота дојдете на голем црвено-црн собир кој започнува во 11:00ч пред службениот влез, подновете се со реквизити и дрес на клубот и уживајте во одличната храна и атмосфера.

Упатуваме апел, на стадионот да се влезе најдоцна во 14:00ч, односно еден час пред почетокот на натпреварот, да не се поместуваат материјалите кои се дел од кореографијата и внимателно да се слушаат инструкциите на лицата задолжени за реализација на кореографијата“, стои во соопштението на Вардар.

На табелата во овој момент Вардар е 10-ти и води битка за опстанок додека Шкендија е на третата позиција и со Шкупи и Струга е во борба за титулата. Натпреварот се игра во терминот од 14:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот