Вардар и Е. Пелистер ќе играат за трофејот во Суперкупот на Македонија

Двете најдобри македонски ракометни екипи ќе се борат за нов трофеј/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во недела на 11 септември во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра Суперкуп натпреварот за сезона 2021/22 помеѓу екипите на РК Вардар 1961 и РК Е. Пелистер.

Организатор ќе биде ГРК Охрид заедно со Ракометната Федерација на Македонија (РФМ).

Шампионот на минатогодишното првенство, скопскиот Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2022, Е. Пелистер од Битола.

Двете екипи минатата сезона се сретнаа во финалето од Суперкупот на Македонија што се играше во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, а на таа средба славеше Е. Пелистер со резултат 22:31.

Во изминатиот период скопските „црвено-црни“ доживеаја елиминација во четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата, а во истото натпреварување Е. Пелистер дома против белорускиот Мешков Брест брка полуфинале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот