Вардар 1961 во второто полувреме го скрши отпорот на Струга

фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Играчите на Вардар 1961 триумфираа денеска во натпреварот од 11 коло во Супер лигата, откако славеа на гостувањето кај екипата на Струга со 28:37.

Не изгледаше сè така лесно за македонскиот шампион, како што отсликува конечниот резултат. Вардар имаше добар старт на натпреварот, кога и веднаш се одлепи на четири гола разлика, за истата постепено да расте и да стане двоцифрена (7:17).

Кога се мислеше дека Вардар има контрола на играта, со несфатлив пад му дозволи на домаќинот да влезе во серија од 8:1 и на полувреме да замине со само три гола негатива (15:18). Мотивираната Струга продолжи да игра добро и на стартот од вториот дел, успевајќи целосно да ја анулира негативата, израмнувајќи го резултатот на 20:20.

Тренерот на скопскиот клуб, Веселин Вујовиќ ги врати на терен поискусните ракометари и не дозволи ново изненадување во домашното првенство. Вардар сериозно ја сфати работата, па до крајот стигна до убедлива победа изразена со девет гола разлика.

Патрик Валчак беше прв стрелец во победничките редови со седум голови, а Кевин Њокас и Филип Талески додадоа по шест. Кај стружани доминираше Жарко Барјактаревиќ со девет погодоци, еден помалку умаше Владан Кастратовиќ.

На табелата на делба на првото место со по 30 бодови се Е. Пелистер и Вардар 1961, додека Струга е на 10 позиција со седум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот