Ванеса Брајант прозборе за животот без Коби: Во еден момент се смеете, а во друг не ви се живее

Коби Брајант беше подеднакво успешен и како бизнисмен/ EPA-EFE/LARRY W. SMITH

На 26. јануари ќе биде годишнина од смртта на легендарниот Коби Брајант и нивната ќерка Џиана кои загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес, а во која загинаа уште седум лица.

Ванеса Брајант која повремено на својот Инстаграм профил објавува како се грижи за трите ќерки, никогаш досега отворено не зборувала за својата болка.


„Искрено тагата е побркана групана емоции. Еден ден се смеете, а следниот ден не ви се живее. Сакам да кажан нешто за сите луѓе кои се борат со тагата и со големата загуба. Пронајдете си причина да живеете. Знам дека е тешко. Јас ги гледам своите ќерки и се обидувам да поминам низ тие чувства поради нив. Смртта е гарантирана, но живеењето на остатокот од својот живот – не е. Пронајдете си своја причина“, напиша Ванеса Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот