Вакцинирани 1040 здравствени работници, над 63 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Досега 1040 здравствени работници ја примиле вакцината против ковид-19. Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата ,,vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација, посочија од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер” кои државава го доби како донација од Србија.

До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм”. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник”, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Оваа недела се очекуваат и првите информации за вакцините од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер” и од Ковакс механизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот